а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засегне

засегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Допре, чепне некого или нешто.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Кучето беше толку лошо што не даваше со рака да го засегнеш.
2. Закачи, драсне некого или нешто.
Англиски: graze Албански: kapë, rrokë
Примери:
Куршумот не го засегнал.
3. Трогне, возбуди, допре до некого.
Англиски: touch Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата постапка до срце ме засегна.
Нејзините обвинувања ни малку не го засегнаа.
4. Допре, зафати, спомене нешто.
Англиски: touch Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овде засегнавме неколку прашања.
5. (се засегне) Се навреди, се вознемири од нешто.
Англиски: stir Албански: prekem
Примери:
Тој се засегна од нејзината постапка.
Изведенки
1. засегнува несв.
(се) засегнуваат
Израз: Тоа не ме засега - тоа не е мој проблем, не ме интересира.
2. засегнување ср.
глаг. им.
3. засега несв.
(се) засегаат
4. засегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи