а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зарече

заречат; заречи, заречете; зареков, зарекоа; зарекол, зарекле; (ќе) заречев, (ќе) заречеа; (ќе) заречел; заречен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11833
1. Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто.
Англиски: swear Албански: premtoj
Примери:
Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив.
2. Почне да зборува, да кажува нешто.
Англиски: tell Албански: flas
Примери:
Тој само што ја зарече молитвата, сите ги начулија ушите.
3. Вети, обврзе (во религиозна смисла).
Англиски: pledge Албански: premtoj
Употреба: Религија
Примери:
Мајка ми ме зарекла на Св. Илија.
4. (се зарече) Си даде збор, се заколне дека нема да прави или дека ќе прави нешто.
Англиски: swear Албански: premtoj
Примери:
Тој се зарече дека нема да пие повеќе.
Таа се зарече дека ќе ја чува тајната.
Изведенки
1. заречува несв.
(се) заречуваат
2. заречување ср.
глаг. им.
3. зарекува несв.
(се) зарекуваат
4. зарекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК