а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зарасне

зараснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обрасне со трева, влакна; густо се прекрие со нешто.
Англиски: grow rampant Албански: mbuloj
Примери:
Патот зараснал со трева.
Нивите зараснале со трње и плевел.
Тој зараснал во брада.
2. За рана - заздрави, се залечи.
Англиски: heal Албански: shëroj
Употреба: Медицина
Примери:
Раната по операцијата брзо и зарасна.
Раната од куршумот уште не му е зарасната.
3. Срасне, се спои со сраснување.
Англиски: grow together Албански: shëroj, sanoj
Примери:
Калемот на крушата брзо зараснал.
Скршената коска на раката не му зарасна добро.
Изведенки
1. зараснува несв.
зараснуваат
2. зараснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи