а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заработи

заработат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почна да работи, да функционира нешто.
Англиски: work Албански: punoj, filloj me punë
Примери:
Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно.
2. Почне да работи некаде.
Англиски: work Албански: punoj
Примери:
Тој од вчера заработил во тутуновиот склад.
3. Добие нешто вредносно како награда за својот труд (најчесто пари).
Англиски: earn Албански: fitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој заработи многу пари во странство.
Денес тој одвај заработи едно парче леб.
4. Добие нешто во негативна смисла.
Англиски: earn Албански: fitoj
Примери:
Од тој излет заработив само настинка.
На натпреварот тој заработи црвен картон.
5. (се заработи) Се занесе, се заборави работејќи.
Англиски: work Албански: punoj, zhytem në punë
Примери:
Таа се заработи и не сети кога се стемни.
Изведенки
1. заработува несв.
(се) заработуваат
2. заработување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи