а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запрска

запрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да прска со вода или со друга течна материја.
Англиски: sprinkle Албански: spërkat
Примери:
Го намести цревото на чешмата и запрска вода по цвеќињата и тревникот.
Од раната запрска крв на сите страни.
2. Полие со вода или со друга течност.
Англиски: pour Албански: ujit
Примери:
Таа ги запрска децата со крстена вода.
3. Почне да произведува, да испушта звуци на потпукнување при горење, кршење и сл.
Англиски: crackle Албански: kërcitje
Примери:
Сламата запрска од силниот оган.
4. треска, прска, експлодира
Англиски: explode Албански: shpërthej, pëlcas
Примери:
Запрскаа бомби на сите страни.
Изведенки
запрскува несв.
запрскуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи