а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запржи

запржат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да пржи.
Англиски: roast Албански: fërgoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Откога си запржил, уште ли не е готово?
2. Испржи само малку или во мало количество.
Англиски: roast Албански: fërgoj
Примери:
Тој запржи сланина за вечера.
Им запржи на децата две-три јајца со урда.
3. Направи запршка на јадење.
Албански: fërgesë, mijone
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа го запржи гравот и го тргна настрана.
Изрази
Запржи чорба некому - приреди некому некаква непријатност.
Изведенки
1. запржува несв.
запржуваат
2. запржување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи