а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запре

запрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Престане да оди, да се движи, да се одвива некое дејство.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Жената запрела пред една порта.
Пред селото запреа камиони.
Моторот запре.
Музиката наеднаш запре.
Одвај дочека да запре дождот.
2. Направи да застане некој или нешто, прекине некого или нешто што е, во движење, во работа, во дејство.
Англиски: stop Албански: ndaloj
Примери:
Јас ќе го запрам да го прашам.
Тој го запре коњот во дворот.
По несреќата полицијата го запре сообраќајот.
Дрводелците го запреа сечењето на дрвјата во тој дел на шумата.
3. Сопре, спречи некаков процес, развој.
Англиски: delay Албански: pengoj
Примери:
Тие настани го запреа натамошниот развој на демократијата во земјата.
Тој го запре напредокот во нашиот колектив.
4. Сопре, спречи нешто да тече.
Англиски: stop
Примери:
Со краен напор таа ги запре солзите.
Лекарот одвај успеал да ѝ ја запре крвта.
5. Сопре, спречи некакво дејство.
Англиски: stop Албански: ndalë
Примери:
Дождот ја запре жетвата на пченицата.
Студот ја запре натамошната работа на пругата.
Чадот и прашината ми го запреа дишењето.
6. Сопре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место.
Албански: ndalë
Примери:
Гостинот го запревме на ручек.
Таа ги запрела децата на поседок.
7. Задржи дел од исплата, од пратка и сл.
Англиски: stop Албански: ndërprej, pengoj
Примери:
Овој месец не ми запреле членарина од платата.
Стоката ја запреа граничарите на нашата граница.
8. За поглед, очи - задржи, насочи кон некого или кон нешто.
Албански: fiksoj
Примери:
Наеднаш очите ги запре на младичот.
Погледот му запре на прозорецот.
9. (се запре) Престане да се движи.
Англиски: stop Албански: ndalë
Примери:
Tој се запре на прагот.
Штом навлегоа во шумата, тие се запреа.
На аголот на улицата се запре црн автомобил.
10. (се запре) Престане да прави нешто, прекине некое дејство.
Англиски: stop Албански: ndalem
Примери:
Додека зборуваше, тој наеднаш се запре.
Тој се запре во излагањето.
11. (се запре) застане
Англиски: stop Албански: ndalë
Примери:
Очите му се запреа на лицето од детето.
Погледот му се запре на нејзината слика.
12. (се запре) Се задржи на нешто, обрне поголемо внимание на нешто.
Англиски: rest Албански: pushoj
Примери:
Hа крајот од оваа глава ќе се запреме на погоре споменатиот автор и неговото дело.
13. (се запре) Се заглави, застане нешто.
Англиски: stuck Албански: ndalë, bllokohet
Примери:
Во грлото му се запрела една коска од риба.
Изрази
Ми (ти, му...) се запре здивот - го изгуби здивот, престане да дише од страв, возбуда и сл.
Ми (ти, му...) се запре крвта - се исплаши.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи