а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запрета

запретаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие, посипе жар, оган или нешто да се пече.
Англиски: bury Албански: fsheh
Примери:
Таа го запрета огнот со пепел и си легна.
Ги запрета компирите во топлата пепел.
2. Покрие нешто со земја, песок, снег; исполни дупка со земја.
Англиски: bury Албански: fsheh
Примери:
Костењето ги запретаа да траат подолго.
Ја запрета дупката на патот.
3. Погребе, изврши закоп.
Англиски: bury Албански: gropos
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Така ги запретале, ни поп, ни молитва.
4. (се запрета) Се покрие, нафрли на себе нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Децата се запретале во една копа сено.
5. За кокошка или птица - почне да прета, да распретува со нозете.
Англиски: scrape Албански: lëviz
Примери:
Кокошките запретаа во ѓубрето барајќи нешто да колвнат.
6. За човек - почне да мрда со нозете.
Англиски: move Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој запрета со нозете.
7. Почне да се буни, да се противи.
Англиски: protest Албански: kundërshtoj
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Запрета малку, но брзо го замолчивме.
Изведенки
1. запретува несв.
(се) запретуваат
2. запретување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи