а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запрегне

запрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Впрегне животно во запрега, плуг.
Англиски: harness Албански: mbreh
Примери:
Старецот ги запрегна коњите.
2. Даде некому работа, натовари со работа.
Англиски: load Албански: ngarkoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не можеме, невесто, веднаш да те запрегнеме, уште ни куќата не ја познаваш.
3. Заврати, засука ракави и сл.
Албански: rikthej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Тој ги запрегна ногавиците и влезе во водата.
4. (се запрегне) Се потруди, вложи труд, напор за да сврши нешто.
Албански: jep mund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако сакаш да успееш, треба да се запрегнеш.
5. (се запрегне) Си заврати, си засука себеси ракави и сл.
Албански: kthej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се запрегна во ракавите и замеси една погача.
Изведенки
1. запрегнува несв.
(се) запрегнуваат
2. запрегнување ср.
3. запрега несв.
(се) запрегаат
4. запрегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи