а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заплиска

заплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да плиска со течност, обично со вода.
Англиски: splash Албански: spërkat
Примери:
Го заплискаа со вода за да се освести.
2. За бран - почне да плиска допирајќи нешто.
Англиски: splash Албански: spërkat
Примери:
Брановите ми ги заплискаа нозете.
3. (само во 3. л.) За дожд - почне да плиска, да истура.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Надвор заплиска дожд.
4. Осети некаква дразба.
Англиски: splash Албански: përplas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја заплиска со мирис на пот.
Го заплиска свеж утрински воздух.
5. (се заплиска) Почне да се плиска, да се прска со вода себеси или еден со друг.
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Тој се заплиска со студена вода.
Децата се заплискаа со вода.
Изведенки
1. заплискува несв.
(се) заплискуваат
2. заплискување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи