а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заплеска

заплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да плеска, да тенчи нешто со удирање.
Англиски: flatten Албански: holloj
Примери:
Ковачот го заплеска усвитеното железо.
2. Почне да ракоплеска.
Англиски: applaud Албански: duartrokas
Примери:
Заплескаа сите присутни во салата.
Тој заплеска со рацете.
3. Замеси тесто набрзина.
Англиски: knead Албански: gatuaj, holloj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа заплеска неколку погачи.
4. Почне да тепа некого со шлаканици.
Англиски: beat Албански: shpulloj, shpullas
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој го заплеска детето.
Изведенки
заплескува несв.
заплескуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи