а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заплаши

заплашат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предизвика, внесе страв кај некого, се закани некому.
Англиски: frighten Албански: tremb
Примери:
Доаѓањето на војската ги заплаши селаните.
Го фати детето и го заплаши со прстот.
2. Претставува опасност, можност за појава на нешто лошо.
Англиски: frighten Албански: frikësoj
Примери:
Сушата ги заплаши земјоделците.
3. (се заплаши) Го фати страв од нешто; се исплаши, се престраши.
Англиски: frighten Албански: tremb
Примери:
Тој не се заплаши од нивните закани.
Луѓето се заплашија од болеста што владееше во селото.
Изведенки
заплашува несв.
(се) заплашуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи