а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запече

запечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да пече храна.
Англиски: bake Албански: pjek
Употреба: Гастрономија
Примери:
Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.
2. Испече малку, одозгора, запржи.
Англиски: roast Албански: pjek, rostoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Tој ја запече сланината и ја принесе на масата.
3. За сонце - почне да пече, да жеже.
Англиски: burn Албански: pjek, djegë
Примери:
Сонцето веќе запече.
4. Почне да пече, да жари.
Англиски: burn Албански: djegë
Примери:
Го запече потта.
Солзите ѝ ги запекоа очите.
5. (се запече) Се испече малку, одозгора.
Англиски: roast Албански: piqet, rostohet
Употреба: Гастрономија
Примери:
Јадењето се прелива со јајца и се враќа во рерната да се запече.
6. (се запече) се стврдне, се скорави
Албански: djegë
Употреба: Земјоделство , Преносно значење
Примери:
Земјата се запече од долгата суша.
7. (се запече) се вклешти, се заглави
Англиски: stuck Албански: pjek, shtrëngoj
Употреба: Преносно значење , Технологија
Примери:
Шрафот се запекол, не може да се одврти.
8. Предизвика запек.
Англиски: constipate Албански: bëj kaps
Употреба: Медицина
Примери:
Чоколадото може да те запече.
9. (се запече) Добие запек.
Англиски: constipate Албански: bëj kaps
Употреба: Медицина
Примери:
Детето се запече од сувата храна.
Изведенки
1. запечува несв.
(се) запечуваат
2. запечување ср.
глаг. им.
3. запекува несв.
(се) запекуваат
4. запекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи