а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запечати

запечатат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Затвори нешто со печат.
Англиски: seal Албански: vulos
Примери:
Сите вагони беа полни и запечатени.
Службеникот го запечати писмото.
2. Затврди, зацврсти нешто.
Англиски: seal Албански: shtërngoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие го запечатија својот таен договор со клетва.
Една мала случка ја запечати нивната љубов.
3. За судбина - одлучи, реши.
Англиски: seal Албански: vendosë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата судбина е запечатена.
Изведенки
1. запечатува несв.
запечатуваат
2. запечатување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи