а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запали

запалат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да гори нешто со пламен.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Војниците го запалија селото.
Тој ја запали куќата на бегот.
Гром го запали старото дрво во дворот.
2. Направи да свети нешто, да дава светлина.
Англиски: ignite Албански: ndriqon
Примери:
Сите светилки во куќата беа запалени.
Таа ја запали ламбата.
3. Направи да топли нешто, да дава топлина.
Англиски: light Албански: flakë
Примери:
Селаните беа запалиле голем оган.
Тој ја запали печката и седна до неа да се стопли.
4. За цигара, свеќа - направи да гори, да испушта чад, светлина.
Англиски: light Албански: flakë
Примери:
Тој се потпре на ѕидот и запали цигара.
Отиде в црква да се помоли и да запали свеќа.
5. Направи да работи нешто, стави некој механизам во погон.
Англиски: ignite Албански: rregulloj
Примери:
Моторот на камионот веќе беше запален.
Штом влегоа, шоферот го запали моторот и автомобилот тргна.
6. Воодушеви, восхити со нешто.
Албански: knaqësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со своите зборови, тој ја запали насобраната толпа народ.
Тој ги запали гледачите со својот настап.
7. (се запали) Почне да гори.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Една искра ја погоди копата сено и таа се запали.
Гранките што ги фрли старецот во огнот, брзо се запалија.
8. (се запали) се вцрви
Англиски: blush Албански: skuq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Девојката се запали во лицето.
9. (се запали) се воодушеви, се восхити
Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Момчето се запали од нејзините зборови.
10. (се запали) се разгневи, пламне
Англиски: anger Албански: inatos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се запали од мислата за вчерашната случка.
11. Ми (ти, му...) се запали крвта - се вознемири, се налути, се разгневи.
Англиски: anger Албански: inatos
Примери:
Ми се запали крвта кога слушнав што зборува за мене.
Изведенки
1. запалува несв.
(се) запалуваат
2. запалување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи