а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запад

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето.
Англиски: west Албански: perëndim
Употреба: Географија
Примери:
Сонцето веќе клонеше кон запад.
На запад од градот се простираат овоштарници.
2. Земјите од Западна Европа и САД како политички, економски и културен поим - Запад.
Англиски: West Албански: Perëndim
Употреба: Географија , Преносно значење
Примери:
Отиде на Запад да си ја бара среќата.
Изрази
Дивиот Запад - западниот дел на Северна Америка во времето на населувањето.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи