а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

западне

западнат; западни, западнете; западнав, западнаа; западнал; западнат; западнев, западнеа; западнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5488
Се најде во некаква неповолна, лоша состојба, во тешка положба, пропадне во некој однос (во работата, развојот, материјалната состојба, во однос на здравјето итн.).
Англиски: fall
Примери:
Тој западна во заседа и одвај се спаси.
Занаетите полека западнаа.
Западна во депресија.
Таа западна во тага.
Изведенки
1. западнува несв.
западнуваат
2. западнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК