а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заостане

заостанат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Остане назад, зад некого, при движење.
Англиски: fall back Албански: mbetem pas
Примери:
Тој падна и заостана зад другите што трчаа напред.
2. Остане назад во својот развој, не е на исто ниво, степен и сл. со некој или со нешто.
Англиски: fall behind Албански: mbetem pas
Примери:
Народот бил беден и заостанал во секој поглед.
По убавина заостанува зад другите ергени.
Изведенки
1. заостанува несв.
заостануваат
2. заостанување ср.
мн. заостанувања
глаг. им.
Пример: Колоната се движеше бавно поради честите заостанувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи