а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заниша

занишаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да ниша.
Англиски: rock Албански: lëkundem, tundem
Примери:
Таа го заниша детето в раце.
Девојчето ја заниша лулката во која лежеше бебето.
Тој одречно заниша со главата.
2. Придвижи во место, малку залула, затресе.
Англиски: shake Албански: lëkundem, tundem
Примери:
Ветрот ги заниша гранките на крушата.
Силен тресок ја заниша вратата.
3. (се заниша) Почне да се ниша.
Англиски: rock Албански: lëkundet
Примери:
Жиците се занишаа кога на нив слета јато ластовици.
Тој се фати за една гранка од дрвото и се заниша.
4. (се заниша) Се придвижи в место, малку се затресе.
Англиски: shake Албански: lëkundem
Примери:
Јаболкницата се заниша и од неа падна последниот пожолтен лист.
Изведенки
1. занишува несв.
(се) занишуваат
2. занишување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи