а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

занимава

(се) занимаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Задржува нечие внимание.
Англиски: keep busy Албански: argëtoj
Примери:
Тој ги занимава старите, им чита весници.
2. Забавува некого.
Англиски: entertain Албански: argëtoj
Примери:
Тој ги занимаваше гостите со кажување вицеви.
3. (се занимава) Врши (професионално или редовно) определена дејност.
Англиски: work Албански: merrem me, punoj
Примери:
Тој се занимава со трговија.
Жителите на селото се занимаваат со сточарство.
4. (се занимава) се забавува
Англиски: entertain Албански: argëtohem, zbavitem
Примери:
Тие по цел ден се занимаваа со играње карти.
Изведенки
занимавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи