а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

занесе

занесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Однесе во определена мера или целосно во друг правец од саканиот.
Англиски: carry away Албански: çoj
Примери:
Силниот ветар го занесе кајчето далеку од брегот.
Матицата ме занесе и не можев да излезам од реката.
2. Воодушеви, восхити, замае некого.
Англиски: exhilarate Албански: kënaqësi
Примери:
Тој нѐ занесе сите со својот говор.
Таа го занесе со својата убавина.
Нѐ занесе убавата музика.
3. (се занесе) Се движи, оди нестабилно.
Англиски: sway Албански: sillem
Примери:
Одеднаш тој се занесе и за малку ќе паднеше.
Пијаниот се занесуваше при одењето.
4. (се занесе) Се замисли, потоне во мисли.
Англиски: stray Албански: i menduar
Примери:
Тој се занесе во своите мисли.
Таа се занесе читајќи ја книгата.
5. (се занесе) Се внесе премногу во нешто, се заборави.
Англиски: forget Албански: i haruar
Примери:
Тој се занесе по разни работи.
Таа се занесе во работата.
Децата се занесоа во играта.
6. (се занесе) Се воодушеви, се восхити од нешто.
Англиски: exhilarate Албански: entusiazmoj
Примери:
Таа се занесе од убавите слики.
Тој се занел слушајќи музика.
7. За птица - почне да несе јајца.
Англиски: lay Албански:
Употреба: Зоологија
Примери:
Кокошките се млади, уште не занеле јајца.
Изведенки
1. занесува несв.
(се) занесуваат
2. занесување ср.
мн. занесувања
глаг. им.
Пример: Тој живееше во свет на фантазии и занесувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи