а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замуабети

замуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да прави муабет.
Англиски: talk Албански: bisedoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Двете жени гласно замуабетија.
2. Задржи некого со муабет, одврати нечие внимание од нешто друго.
Англиски: distract Албански: hutoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа ме замуабети, па затоа не дојдов навреме.
3. (се замуабети) Се занесе во муабет.
Англиски: talk Албански: bisedoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Се замуабетивме и не видовме кога помина полноќ.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи