а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замре

замрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Престане да дава јасни знаци на живот.
Англиски: die out Албански: ndërprej
Примери:
Тој легна во постелата и замре, свртен кон ѕидот.
Животните замреа од непозната болест.
2. Премре, припадне од страв, возбуда и сл.
Англиски: stiffen Албански: rëndohet
Примери:
Детето замре од страв.
3. За глас, шум, живот, дејност и сл. - стивне, опадне, ослабне; исчезне.
Англиски: disappear Албански: shuhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Замре вревата од улицата.
Замре неговата смеа.
Замреа некои стари занаети.
Изведенки
1. замира несв.
замираат
2. замирање ср.
глаг. им.
3. замреност ж.
4. замрува несв.
замруваат
5. замрување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи