а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замолкне

замолкнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Престане да зборува, да пее и сл.
Англиски: silence Албански: hesht
Примери:
Tој ја наведна главата и замолкна.
Жените наеднаш замолкнаа.
2. Натера некого да престане да зборува, да пее и сл.
Англиски: silence Албански: hesht
Примери:
Тој се обиде да ме замолкне.
Мајката го замолкна детето да не вика.
3. За предмет - престане да испушта звуци.
Англиски: silence Албански: hesht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Грамофонот замолкнал.
Гуслите замолкнаа.
Изведенки
1. замолкнува несв.
замолкнуваат
2. замолкнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи