а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замие

замијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да мие.
Англиски: wash Албански: laj
Примери:
Таа ги зами чиниите, но не ги доми.
2. Измие набрзина, згора-згора.
Англиски: rinse Албански: shpërlaj
Примери:
Тој си ги зами нозете и си легна.
3. (се замие) Почне да се мие.
Англиски: wash Албански: laj
Примери:
Девојките се замија со ладна изворска вода.
4. (се замие) Се измие набрзина, згора-згора.
Англиски: rinse Албански: shpërlaj
Примери:
Тој се зами набрзина и излезе од дома.
Изведенки
1. замива несв.
(се) замиваат
2. замивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи