а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замеша

замешаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта.
Англиски: mix Албански: përziej
Примери:
Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата.
2. Вклучи некого во некој непријатен настан, чин, случка и сл.
Англиски: involve Албански: përfshij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секретарката го замеша и директорот во нејзините сплетки.
3. Заплетка некоја работа, ситуација и сл.
Англиски: meddle Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја замеша сета оваа работа.
4. (се замеша) Се приклучи кон некаква група, кон некакво мноштво, маса.
Англиски: blend Албански: kyç
Примери:
Тој се замешал меѓу шетачите на корзото.
Тие се замешаа во луѓето што ја исполнуваа црквата.
5. (се замеша) Се вклучи, се вмеша во некаков чин, настан, случка и сл.
Англиски: interfere Албански: kyç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се замеша во разговорот.
Во ограбувањето се замешаа и некои селани.
Изведенки
1. замешува несв.
(се) замешуваат
2. замешување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи