а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замати

заматат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи тоа што е бистро, проѕирно да стане матно, непроѕирно.
Англиски: cloud Албански: përziej
Примери:
Дождот ја замати реката.
Пареата ги замати стаклата на прозорците.
2. Направи, приготви нешто со матење.
Англиски: stir Албански: llokoçis
Примери:
Таа набрзина замати една торта и ја испече.
3. замагли
Англиски: obscure Албански: errësoj
Примери:
Ракијата му го замати разумот.
Солзите му го заматија погледот.
4. (се замати) Стане матен, непроѕирен.
Англиски: cloud Албански: re
Примери:
Реката се замати од поројниот дожд.
Ми се заматија стаклата на очилата.
5. (се замати) се замагли
Англиски: blur Албански: mjegulloj
6. (се замати) Почне да се мати.
Албански: turbulloj
Примери:
Во главата одново му се замати.
Очите ѝ се заматија од солзи.
Изведенки
1. заматува несв.
(се) заматуваат
2. заматување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи