а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замазни

замазнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане мазно.
Англиски: smooth Албански: lëmueshëm
Примери:
Градинарот ја замазни леата со гребло.
Таа си го замазни фустанот со пеглата.
2. За коса - залиже.
Англиски: smooth Албански: limon
Примери:
Тој се изми и ја замазни косата.
3. Среди, поправи работа, впечаток и др.
Англиски: smooth Албански: rregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се обиде да ја замазни работата.
4. (се замазни) За коса - се залиже.
Англиски: smooth Албански: limon
Примери:
Таа се замазни во косата и излезе.
5. (се замазни) За надворешен изглед - се дотера, се доведе во определен ред.
Англиски: straighten Албански: rregullohem
Примери:
Тој се замазни набрзина и отиде на состанок.
Изведенки
1. замазнува несв.
(се) замазнуваат
2. замазнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи