а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замагли

замаглат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие, прекрие со магла.
Англиски: fog Албански: mjegull
Примери:
Маглата што падна вчера го замагли градот.
2. Покрие, прекрие со чад, прав и др.
Англиски: dust Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Правот што се крена од ветрот го замагли хоризонтот.
Чадот од цигарите ја замагли просторијата.
3. За поглед, мисла и др. - направи да биде нејасен, неопределен.
Англиски: blur Албански: mjegulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Влажните клепки му го замаглија видот.
4. (се замагли) Се покрие, се прекрие со магла.
Англиски: obscure Албански: mjegull
Примери:
Селото се замагли од густата магла.
5. (се замагли) Се покрие, се прекрие со чад, прав.
Англиски: obscure Албански: mjegullon
Примери:
Стаклото на прозорецот се замагли од неговиот здив.
6. (се замагли) За поглед, мисла - стане нејасен, неопределен.
Англиски: blur Албански: mjegullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Свеста му се замагли.
Очите ѝ се замаглија од солзи.
Изведенки
1. замаглува несв.
(се) замаглуваат
2. замаглување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи