а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залиже

залижат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да лиже.
Англиски: lick Албански: lëpirje
Примери:
Тој си ги залижа усните.
Кучето ја залижа коската.
2. За коса - исчешла да биде мазна.
Англиски: smooth Албански: zbut
Примери:
Тој ја залижал косата на патец.
3. За пламен, чад - почне да допира, да зафаќа нешто.
Примери:
Пламените јазици го залижаа покривот на куќата.
4. (се залиже) Почне да се лиже.
Англиски: lick Албански: lëpirje
Примери:
Мачката се залижа по шепите.
5. (се залиже) За коса - се исчешла мазно, се измазни.
Англиски: smooth Албански: zbut
Примери:
Тој се залижа во косата и излезе.
6. (се залиже) Почне да се троши, да се аби.
Англиски: wear out Албански: hahet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чевлите ми се залижаа од долго пешачење.
Изведенки
1. залижува несв.
(се) залижуваат
2. залижување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи