а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залета

залетаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да лета.
Англиски: fly Албански: fluturoj
Примери:
Ластовиците залетаа ниско.
2. (се залета) Земе залет; се затрча, се забрза.
Англиски: swing Албански: vërsulet, turret
Примери:
Накај мене се залета еден млад човек.
Детето се залета во неговите прегратки.
3. (се залета) Залута при летање, при брзо движење.
Англиски: get lost Албански: turret
Примери:
Една пеперутка му се залета во окото.
4. (се залета) Направи нешто непромислено, претерано, избрзано.
Англиски: overhaste Албански: përmblidhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се залетав во разни планови.
Изведенки
1. залетува несв.
(се) залетуваат
2. залетување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи