а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залекува

залекуваат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да лекува.
Англиски: heal Албански: mjekohet
Употреба: Медицина
Примери:
Таа го залекува детето со разни тревки.
2. За рана - донекаде излекува, доведе во добра состојба.
Англиски: heal Албански: shërohet
Употреба: Медицина
Примери:
Раната ја залекува со некаква маст.
3. (се залекува) Почне да се лекува.
Англиски: heal Албански: mjekohet
Употреба: Медицина
Примери:
Се залекува по разни бајачки и гатачки.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи