а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залегне

залегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Легне за подолго време (поради болест, изнемоштеност).
Англиски: lie Албански: shtrihet
Примери:
Старецот залегна во постела.
2. Легне, се спружи на земја, обично за да се скрие од некого или од нешто.
Англиски: duck Албански: shtrihet
Примери:
Залегнаа и отворија брза стрелба.
Залегнал крај една карпа.
3. За чувство, мисла - остане трајно, се вреже длабоко во свеста.
Англиски: lie Албански: kalis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Немир ми залегна во душата.
Изведенки
залегнува несв.
залегнуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи