а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залаже

залажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да лаже.
Англиски: lie Албански: gënjeshtër
Примери:
Само што ја отвори устата и залажа.
2. Подмами, со лаги и итроштини наведе некого на нешто или убеди во нешто.
Англиски: seduce Албански: mashtroj
Примери:
Ти ме залага да ја купам оваа куќа.
Тој ја залажал со празни ветувања.
3. Му го одвлече непожелното внимание на некого од едно нешто, свртувајќи му го на друго нешто, во друг правец.
Англиски: distract Албански: hutoj
Примери:
Десетината го залажа непријателот за да излезе бригадата од обрачот.
Еден од играчите го залажа голманот и постигна гол.
4. За дете - забави, заигра.
Англиски: distract Албански: hutoj
Примери:
Таа го залажа детето со бонбони.
Ја наполни торбата со сливи за да ги залаже децата.
5. (се залаже) Почне да се лаже себеси или еден со друг.
Англиски: lie Албански: gënjeshtër
Примери:
Јас се обидувам да се залажам дека сум те заборавила.
Ние се залажуваме дека можеме заедно да живееме.
6. (се залаже) Привидно се задоволи, се утеши.
Англиски: console Албански: ngushëlloj
Примери:
Понекогаш во друштво ќе се залажеме за миг, ќе ни се стори дека не сме сами.
7. (се залаже) Се занимава, се забавува со нешто.
Англиски: keep busy Албански: angazhuar
Примери:
Некое време децата се залажаа.
8. (се залаже) Почне да води љубов.
Англиски: love Албански: dashuron
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ерген и мома се залагаа ли, таа е сериозна работа.
Изведенки
1. залажува несв.
(се) залажуваат
2. залажување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи