а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закрши

закршат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да крши нешто.
Англиски: break Албански: thyej
Примери:
Тој ги закрши сувите гранки со нозете.
2. За раце - почне да крши.
Албански: thyej
Примери:
Таа закрши раце и почна да тажи.
3. Почне да крши, да витка тело.
Албански: then
Примери:
Танчерката ја закрши снагата.
4. (се закрши) Почне да се крши, да се витка со телото.
Албански: thyej
Примери:
Таа се фати на орото и се закрши.
Штом почна чочекот таа се закрши.
5. (се закрши) За капак со навој - погрешно се затвори.
Албански: shtrëngoj, mbyll gabimisht
Изведенки
1. закршува несв.
(се) закршуваат
2. закршување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи