а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закрпи

закрпат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За распарано и скинато - со крпење, со шиење поправи оштетена облека.
Англиски: patch Албански: arnoj
Примери:
Кошулата му беше закрпена близу јаката.
2. За дупнато - покрие со калај, поправи оштетени посатки и др.
Англиски: mend Албански: ndreq
Примери:
Калајџијата ни ги закрпи двете тепсии што беа дупнати.
3. Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому.
Англиски: patch Албански: arnoj
Примери:
Откога остана вдовец, немаше кој ни да го испере, ни да го закрпи.
4. Поправи, среди нешто делумно, донекаде.
Англиски: repair Албански: ripajis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дури приквечер го закрпија мостот.
5. (се закрпи) Искрпи нешто на себеси, своја облека.
Англиски: patch Албански: arnoj
Примери:
Едвај се закрпив, толку што бев искината од тоа пусто куче.
Изведенки
1. закрпува несв.
(се) закрпуваат
2. закрпување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи