а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закрие

закријат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие малку, донекаде.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Ги закри голите раменици со свилен шал.
2. Скрие нешто да не може да се види, прикрие.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Го закри влезот од пештерата со камења.
Оружјето го закрија во купот слама.
3. (се закрие) Се покрие со нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Децата се закрија со ќебето и седнаа покрај огнот.
4. (се закрие) Се скрие, се прикрие.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Се закрив зад едно дебело стебло.
Изведенки
1. закрива несв.
(се) закриваат
2. закривање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи