а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закрепи

закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне.
Англиски: support Албански: përkrah
Примери:
При излегување од колата возачот го закрепи старецот.
Тие ја закрепија вратата што се скрши да не падне.
2. Поткрепи, прицврсти нешто во дадена положба.
Англиски: reinforce Албански: përforcoj
Примери:
Напукнатиот ѕид го закрепивме со две греди.
3. Зацврсти, засили нешто (идеја, чувство, желба) кај некого.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие ја закрепија својата вера со молитва.
Ништо не можеше да го закрепи неговиот авторитет во моите очи.
4. (се закрепи) Се придржи да не падне.
Англиски: support Албански: mbështet
Примери:
Стариот се закрепи со бастунот да не падне.
5. (се закрепи) Си ја поврати силата, се зацврсти, се освежи.
Англиски: refresh Албански: ripajis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие му помогнаа материјално да се закрепи.
Изведенки
1. закрепува несв.
(се) закрепуваат
2. закрепување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи