а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закорави

закорават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Фати, добие кора.
Англиски: encrust Албански: formoj kore
Примери:
Водата во јазот замрзна и закорави.
2. Стане тврд, корав.
Англиски: harden Албански: ngurtësoj
Примери:
Лебот закорави од долгото стоење.
3. За срце, душа, карактер - престане да чувствува, отрпне, стане бесчувствителен, отпорен на промени.
Англиски: harden Албански: ngurtësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со годините срцето му закорави.
Неговиот весел нарав беше закоравел во текот на војната.
4. (се закорави) Се покрие со кора.
Англиски: encrust Албански: mbështjell me kore
Примери:
Околу устата му се закорави пена и крв.
5. (се закорави) Се втврдне, стане корав.
Англиски: encrust Албански: forcoj
Примери:
Од тешката болест рацете му се закоравија.
Изведенки
1. закоравува несв.
(се) закоравуваат
2. закоравување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи