а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закопа

закопаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да копа.
Англиски: dig Албански: gërmoj
Примери:
Војниците веднаш закопаа под ридот.
2. Стави, затрупа, скрие нешто во ископана дупка во земјата.
Англиски: bury Албански: fsheh
Примери:
Ископавме дупки и внатре го закопавме житото.
Тој закопал злато под стариот орев.
3. Покрие, запрета нешто во земја, песок, снег и сл.
Англиски: bury Албански: fsheh
Примери:
Ги закопа нозете во песокта.
4. Погребе мртовец.
Англиски: bury Албански: varros
Употреба: Разговорно
Примери:
Стариот игумен го закопаа во дворот на манастирот.
Убиениот го закопал крај патот.
5. Доведе некого во состојба да се почувствува победен, поразен, да изгуби углед и сл.
Англиски: defeat Албански: mund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие докази го закопаа.
Таквите непромислени постапки може да го закопаат.
6. (се закопа) Се пикне во земја и сл.
Англиски: dig Албански: gërmoj
Примери:
Кртот се закопа во земјата.
Тој се закопа во снегот.
7. (се закопа) Заглави, западне во непријатна ситуација.
Англиски: get stuck Албански: ngul
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се закопа во долгови.
Изведенки
1. закопува несв.
(се) закопуваат
2. закопување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи