а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заколне

заколнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Побара од некого да направи нешто со заколнување; стави некого под клетва.
Англиски: swear Албански: betohem
Примери:
Го заколна да не кажува никому ништо за тоа.
2. Почне да колне, да проколнува.
Англиски: curse Албански: mallkoj
Употреба: Ретко
Примери:
Откако војниците заминаа, таа заколна по нив.
3. (се заколне) Даде клетва, ветување.
Англиски: swear Албански: betohem
Примери:
Јас се заколнав дека ќе сторам како што ми рече.
Се заколнал дека ќе ја одмазди смртта на својот син.
4. (се заколне) Засведочи, докаже нешто со заколнување.
Англиски: testify Албански: dëshmoj me betim
Примери:
Тој се заколна дека никогаш не го видел тој човек.
Изведенки
1. заколнува несв.
(се) заколнуваат
2. заколнување ср.
мн. заколнувања
Пример: Му се обрати со молби и заколнувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи