а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заклучи

заклучат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Затвори со клуч.
Англиски: lock Албански: mbyll
Примери:
Тој ги заклучи фиоките на бирото.
Ја заклучи надворешната врата.
2. Стави под клуч некого или нешто.
Англиски: lock Албански: mbyll
Примери:
Тој ги заклучил децата во куќата.
Бакалот ги заклучи вреќите со брашно во визбата.
3. Изведе, донесе заклучок.
Англиски: conclude Албански: përfundim
Примери:
Важно е да заклучат дека си чесен и побожен човек.
Тој заклучи дека работата е сериозна.
4. Заврши, стави крај на нешто.
Англиски: finish Албански: mbyll, përfundoj
Примери:
Претседавачот го заклучи состанокот доцна попладне.
5. За сметка - направи завршна пресметка.
Англиски: close Албански: mbyll
Примери:
Тие ги заклучија сметките за овој месец.
6. (се заклучи) Се затвори со клуч.
Англиски: lock Албански: mbyll
Примери:
Таа се заклучи во собата и почна да плаче.
Изведенки
1. заклучува несв.
(се) заклучуваат
2. заклучување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи