а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закачи

закачат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Спои, сврзе еден предмет со друг со помош на кука или на друг соодветен начин.
Англиски: cling Албански: ngjit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Железничарот ги закачи вагоните за локомотивата.
2. Обеси, прицврсти нешто да виси, да стои закачено.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
На ѕидот закачи две слики.
Тој ја закачи торбата на една гранка од дрвото.
3. Допре, засегне нешто при движење.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Една гранка ми ја закачи капата.
Боцките му се закачија во раката.
4. Задре, предизвика некого со закачки.
Англиски: tease Албански: mbajti
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекаше погоден момент да ме закачи.
5. (се закачи) Се фати за некого или за нешто.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Детето се закачи за фустанот од мајка си.
6. (се закачи) Се допре, се зафати, се набоде на нешто во движење.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Рибата се закачи за јадицата.
Балонот се закачи на една гранка од дрвото.
7. (се закачи) се скара, се спречка
Англиски: quarrel Албански: zihem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се закачија пред извесно време.
8. (се закачи) Почне да качува нешто по скали и сл.
Англиски: climb Албански: ngjit
Примери:
Полека ги закачи куферите нагоре по скалите.
9. (се закачи) Почне да се качува, да се јази.
Англиски: climb Албански: ngjit
Примери:
Се закачи нагоре по дрвото.
Изведенки
1. закачува несв.
(се) закачуваат

2. закачување ср.
мн. закачувања
глаг. им.
Пример: Зачестија закачувањата меѓу нив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи