а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закатани

закатанат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Заклучи со катанец.
Англиски: lock Албански: mbyllem
Употреба: Разговорно
Примери:
Заборави да ја закатани портата.
2. Изгуби, заметне, зафрли нешто.
Англиски: mislay Албански: humbas, vë jo në vend
Употреба: Разговорно
Примери:
Не знаеше кај ги закатанила иглите за плетење.
3. (се закатани) Се заинаети.
Англиски: defy Албански: inatosem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се закатани и не сакаше никого да послуша.
4. (се закатани) Се изгуби, исчезне некаде.
Англиски: disappear Албански: humbem, zhdukem
Употреба: Разговорно
Примери:
Дел од овците се закатанија низ планината.
Изведенки
закатанува несв.
(се) закатануваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи