а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закапе

закапат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да капе, да бања некого.
Англиски: bathe Албански: pikoj
Примери:
Иако плачеше, го закапа бебето, набрзина.
2. Искапе некого малку, набрзина.
Англиски: bathe Албански: pikoj
Примери:
Го закапа набрзина.
3. (се закапе) Почне да се капе.
Англиски: bathe Албански: lahet
Примери:
Се закапав во реката.
4. (се закапе) Се искапе малку, набрзина.
Англиски: bathe Албански: lahet
Примери:
Се закапаа надве-натри.
5. Почне да капе, да тече капка по капка.
Англиски: drip Албански: pikoj
Примери:
На прозорците закапаа јадри капки дожд.
Солзите ѝ закапаа врз писмото.
6. Почне да капе, да пропушта течност.
Англиски: leak Албански: pikoj
Примери:
Таванот закапе од силниот дожд.
7. За лисја - почне да капе, да паѓа.
Англиски: fall Албански: bie
Примери:
Закапаа лисјата на околните дрвја.
Изведенки
закапува несв.
закапуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи