а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зажари

зажарат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто многу да се загрее, да се усвити.
Англиски: glow Албански: përvëloj
Примери:
Ја зажари печката и ги седна децата околу неа да се греат.
Ковачот го зажари парчето железо и почна да го кове.
2. За коприва - почне да жари, да жури.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Копривите го зажарија по босите нозе.
3. За човек - зацрвени во лицето, засвети со очите.
Англиски: blush Албански: skuq
Примери:
Шлаканицата му го зажари образот.
Детето беше целото зажарено.
4. (се зажари) Силно се загрее, се усвити нешто.
Англиски: heat up Албански: ngroh
Примери:
Вршникот брзо се зажари.
Железните прачки на прозорците се зажарија од летното сонце.
5. (се зажари) Се зацрвени во лицето, засвети со очите.
Англиски: glow Албански: përvëloj
Примери:
Момчето се зажари во лицето.
Образите му се зажарија.
Изведенки
1. зажарува несв.
(се) зажаруваат
2. зажарување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи