а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задуши

задушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Усмрти со отровен гас и сл.
Англиски: gas Албански: helmoj me gaz
Употреба: Воен термин
Примери:
Ги задушиле во логорот со отровен гас.
2. Усмрти со физичко спречување на дишењето.
Англиски: suffocate Албански: i zë frymën, mbyt
Примери:
Ја задушил со перница.
3. Направи дишењето да биде отежнато.
Албански: gulfat
Примери:
Ме задуши нешто во грлото.
Го задуши здивот на ракија.
4. За растение - спречи, оневозможи развој.
Англиски: hinder Албански: pengoj
Примери:
Дивите тревки ги задушиле нежните фиданки на босилокот.
Троскотот ги смука соковите и ги задушува житата.
5. заглуши
Англиски: silence Албански: përmbys, hesht
Примери:
Силниот тропот го задуши неговиот глас.
Огорчените извици ја задушија стрелбата.
6. Со сила надвие бунт, востание.
Англиски: stifle Албански: përmbyt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Војската го задуши бунтот на народот.
Востанието брзо беше задушено.
7. Со сила, напор смири, потисне некакво чувство.
Англиски: suppress Албански: shtyp
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги задуши во себе сите спомени.
Го задушив во себе плачот.
Се трудеше да ја задуши силната возбуда.
8. Е исполнет, обземен од некакво чувство.
Англиски: instill Албански: përmbyt, rrënjos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме задуши бранот на гнев.
Го задуши детскиот крик.
9. Оневозможи, не даде можност да се развие нешто.
Англиски: prevent Албански: pengoj, parandaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неповолните животни услови не можеа да го задушат талентот во него.
10. (се задуши) Се усмрти со отровен гас и сл.
Англиски: gas Албански: heloj me gaz
Примери:
Рударите се задушиле од подземниот отровен гас.
11. (се задуши) Дише тешко, отежнато.
Англиски: choke Албански: mbyt
Примери:
Се задушил од тутуновиот дим во собата.
12. (се задуши) Стане исполнет, обземен од некакво чувство.
Англиски: stifle Албански: mbyt
Примери:
Се задуши во силно плачење.
Се задушил од смеа.
Тој ќе се задушеше од болка и бес.
13. (се задуши) Се смири, се намали некаков звук.
Англиски: muffle Албански: mbys, zhurmëmbytës
Примери:
Грмна истрел и се задуши без одглас.
Зборовите се задушија во грлото.
14. Почне да души.
Англиски: sniff Албански: gërhas
Примери:
Кучето задуши низ грмушките.
Изведенки
1. задушува несв.
(се) задушуваат
2. задушување ср.
мн. задушувања
Пример: Кашлицата му предизвикуваше чести задушувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи