а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задоцни

задоцнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Дојде, стигне подоцна, по определеното време.
Англиски: be late Албански: vonoj
Примери:
Брзаше за да не задоцни на училиште.
Погледна во часовникот да види колку задоцнил.
2. Пристигне подоцна отколку што е вообичаено (за годишно време, природен феномен).
Англиски: delay Албански: vonoj, zgjat
Примери:
Дождовите задоцнија оваа есен.
Годинава пролетта многу задоцни.
3. Заостане во работата, не изврши нешто навреме.
Англиски: become late Албански: vonohem
Примери:
Печатницата задоцни со печатењето на книгата.
Тој задоцни со изградбата на куќата.
4. (се задоцни) Се појави подоцна, по определеното време.
Англиски: tardy Албански: vonohem
Примери:
Утрово се задоцнив за на работа.
Децата уште ги нема, се задоцнија.
Изведенки
1. задоцнува несв.
(се) задоцнуваат
2. задоцнување ср.
мн. задоцнувања
глаг. им.
Пример: Тој се нервираше поради нејзините чести задоцнувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи