а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задоми

задомат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Ожени син, омажи ќерка, создаде семејство.
Англиски: marry Албански: martoj
Примери:
Ќерката ја задомија минатата година.
Ги задомив и двата сина.
2. Создаде дом, живеалиште.
Англиски: house Албански: shtëpi
Примери:
Се преселил во градот и тука задомил дом.
3. (се задоми) се ожени, се омажи
Англиски: marry Албански: martoj
Примери:
Од шесте ќерки на вдовицата само три се задомија.
Се задомив откако се вратив од војска.
Изведенки
1. задомува несв.
(се) задомуваат
2. задомување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи