а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задолжи

задолжат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Оптовари некого со долг.
Англиски: indebt Албански: ngarkoj
Употреба: Економија
Примери:
Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
2. Даде некому задача, задолжение.
Англиски: obligate Албански: obligoj
Примери:
Учителот ги задолжи своите ученици да ја прочитаат книгата.
Ме задолжија да ти го соопштам решението.
3. Направи некому добро дело (услуга, даде помош) со што предизвика чувство на задолженост, на благодарност.
Англиски: indebt Албански: obligoj
Примери:
Таа ме задолжи со тоа што ми го чуваше детето кога беше мало.
Вие многу ме задолживте со вашата посета.
4. (се задолжи) Се оптовари со долг, стане должен некому.
Англиски: indebt Албански: huazoj
Употреба: Економија
Примери:
Тие се задолжија за куќата.
Изведенки
1. задолжува несв.
(се) задолжуваат
2. задолжување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи